Донесени законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта

Од:

Собранието на денешната 109 седница со двојно мнозинство ги донесе Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Министерот за образование Арбер Адеми изрази задоволство од конструкитвната дебата која се водеше по овој закон. Образложувајќи го законскиот текст рече дека во Предлог-законот се опфаќаат кредибилни анализи на кредибилни институции како што е ОЕЦД и УНИЦЕФ, содржи новини коишто се во интерес пред се, на учениците, но и на сите други коишто се инволвирани во воспитно-образовниот процес.

-Сигурно е дека овој Предлог-закон го подобрува квалитетот на воспитно-образовниот процес, наставата, зајакнување на вредностите во образованието, во фокус ги има и учениците со посебни образовни потреби, а содржи и новини во однос на организирање на учениците, нивното учество проактивно во создавање политики во училиштата во коишто се запишани и каде што ја следат воспитно-образовната настава, како и во однос на елиминирање на партиско – политички влијанија во образованието. Исто така се предвидува новина и во однос на поддршката која што им се дава на учениците и на родителите во однос на нивната професионална ориентација, наставници за организирање на физичкото образование и спорт, постигнување на професионални стандарди коишто ќе треба да ги постигнат учениците при секој период на нивното образование. Исто така, новини има и во однос на квалитетот на исхраната, нутритивните аспекти и многу други новини. Имајќи ја предвид целата конструктивна расправа која што ја имавме овие денови, посакувам сите пратеници да дадат зелено светло како што и доликува да се донесуваат сите закони од областа на образованието, рече Адеми.

Пратеникот Ферид Мухиќ силно го поддржа Предлог законот, бидејќи според него, образованието го носи иднетитиетот на еден народ, а ја поддржа и инклузивноста во образованието.

-Целосната инклузивноист не е реализирана никаде во светот, но идејата е таа и треба да се поддржи и треба да одиме во тој правец, рече Мухиќ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, рече дека од партијата одлучиле по ова решение да гласаат воздржано за да имаат чиста совест, за аномалиите од законот да паднат, како што рече, на терет на СДСМ.

-Остануваат стресовите на децата преку државното тестирање. Џабе ветувањето дека екстерното тестирање било габаритно и терет за децата и за родителите, сега имамме државно тестирање. Остануваат заменските наставници, останува ограничувањето во правото на синдикалното организирање. Останаа сите оние работи за кои СДСМ ветуваше дека првиот ден по победата ќе бидат отргнати, рече Стевананџија и најави преку амандмани и дополнувања ќе се обидат да го подобрат законското решение.

Реплицираше министерот Адеми кој рече дека не очекувал опозицијата да гласа воздржано бидејќи имале конструктивни дискусии и плодна јавна расправа, а се усвоени и половина од амандманите поднесени од нив со кои е подбрен финалниот текст на предлог законот.

-Законот секако има финансиски имплкации и тоа значителни, но нели велиме дека образованието ќе ни биде приоритет и тоа е уште еден показалет да имамем подобар и поквалитетен образоване систем, рече Адеми нагласувајќи дека ова е трет пат од осамостојувањето да се носи целосно нов закон за образование кој во себе ги инкорпорира сите препораки.

Околу држваното тестирање рече дека тоа нема да се смета во оценката на ученикот, но ќе дадде објективна слика за состојбите и кои политики треба да ги градат, при тоа побара од сите пратеници да дадат поддршка на законот.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања до министерот Адеми кои се однесуваат на функционирањето на училиштата, и на која бројка на ученици вкупно во ОО смета за учебната 2019-2020 година.

– До пред некоја година беше околу 190.000 ученици а сега таа бројка оди рапидно надоле поради ислеувањето на насление, кажа Ѓорчев. Тој оцени дека власта не му го дава ппотребното внимание на образованието и посочи на образложението на оставката на заменик министерот за образование Петар Атансаов дека ништо не е реализирано од ветеното во овој сектор.

Во одговор министерот рече дека во прво оделение за следната година се запишале 18.562 ученици, бројка во која не се опфатени податоците од 10 општини кои се уште не доставиле податоци, но финалните резултати ќе ги имаат пред септември. За претходната година бројот на запишани во прво оделение изнесува 22.130 ученици, во 2017/2018 оваа бројка е 21.656 ученици. Во однос на образованите политики, прв пат во државата се прави детална анализа на образованиот систем и не од нас, не од нашите институции, туку од нашите меѓународни партнери – ОЕЦД и УНИЦЕФ.

-Тоа го направивме затоа што не сакаме да градиме политики базирани на перцепција туку на кредибилни податоци и анализи, кои ни даваат јасни насоки кои се слабите и посилните страни на образованието. Верувам дека како Министерство и Влада сме направиле најдобра можна работа, оти ОЕЦД и УНИЦЕФ не ја вреднува само нашата земја, а нивните препораки служат за градење на образовни политики. Затоа овие два закона ја претставуват суштината на националната образовна програма. Ако ова не е реформа на образованиот систем тогаш што е, Затоа барам поддршка од вас лично и од сета пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и од сите пратеници присутни овде, рече Адеми.

Без расправа беше донесен и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта.

Претходно, беа донесени три ослуки меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. На барање на пратеникот Емил Димитриев предложениот дневен ред беше надополнет со предлогот по скратена постапка да се донесат измените и дополнувањата на Законот за следење на комуникациите, со кои, како што рече, ќе се отстранат пречките за ангажирање технички лица за потребите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Пратениците ќе продолжат со работа по редовната пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието денеска ќе расправа за разрешувањето на Јанева

Татјана Ташкова

Џафери закажа седница за разрешување на Катица Јанева

Виктор Јованов

Се уште нема седница за разрешување на Јанева, ниту нова средба за законот за ЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот

Ана Ололовска

Ребалансот на буџетот во Собранието од следната недела

Седници на неколку собраниски комисии

Ана Ололовска