А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Донесени мерки за унапредување на состојбата со македонскиот јазик

by А1он06/09/2017 - 09:34193
Share0

Владата на Република Македонија усвои повеќе предлог-мерки кои се насочени кон унапредување на состојбата со македонскиот јазик. Мерките се усвоени на вчерашната владина седница, а за нивна реализација е задолжено Министерството за култура.

Добивај вести на вибер

– Станува збор за мерки, на кои се работеше веќе подолго време во соработка со истакнати македонисти и кои станаа дел од програмата на новиот состав на Владата на Република Македонија уште од самото стапување на функција, соопшти Министерството за култура.

Мерките предвидуваат основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети и отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети. Се предвидува и формирање на Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, вклучувајќи изработка на академска граматика, речник, правопис, дијалектолошки и историски проучувања.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе прерасне во Македонистички центар со повеќе функции како што се организирање летна школа, стипендирање на поголем број странци, кои би дошле да ги изучуваат македонскиот јазик и култура, како и формирање на постојана школа за изучување на македонскиот јазик како странски јазик (Македоникум).

Се предвидува и формирање на Центар за постојана обука за лекторите по македонски јазик во странство, како и на Школа за подука по македонски јазик за македонските деца надвор од Македонија (летен камп).

Една од мерките предвидува дополнување, преработка и доработување на електронските бази, документи, книги, списи од развојот на македонскиот јазик од страна на стручни лица, нивно освежување и споделување на вистински, научни податоци за македонскиот јазик на глобалната мрежа.

Во врска со гостувањата на македонски научни работници и уметници на странските универзитети со цел да се афирмира македонскиот јазик и култура се предлага тоа да се прави преку Годишна програма со определен фонд, чии членови треба да бидат истакнати македонисти, членови на академската заедница, непристрасни и невладини експерти.

Се предвидува и поддршка за собирачката дејност: дијалектолошки материјали, народни песни и приказни на микро – ниво, како и нивна дигитализација, во и надвор од државата, особено во соседните држави.

– Мерките упатуваат и на поддршка на албанската, како и на другите етнички заедници, преку политика на привлечност/атрактивност, за учење на македонскиот јазик и формирање на мултиетнички и повеќејазични педагошки и културни друштва, велат од Министерството за култура.

Со мерките се предвидува и обновување на родните куќи или создавање на музеи посветени на значајните личности за македонскиот јазик и култура, како и натамошна поддршка на постојните (Мисирков, Пулевски, Рацин, Џинот…) по принципот на куќата на Конески во Небрегово. Онаму каде што тоа не е можно од објективни причини, ќе се основаат и изградат нови објекти каде што би стоеле музејски поставки.

Ќе се формира и постојан Одбор за стандардизација на македонскиот јазик, во кој би членувале експерти од катедрите за македонски јазик, Институтот, МАНУ, како и истакнати писатели, новинари, лектори…. Одборот би ги решавал ад – хок проблемите што се појавуваат во практиката, а за кои нормата не пропишала решенија и би издавал Билтен во кој треба да ги дава на увид на јавноста своите решенија.

Предлог – мерките вклучуваат и спроведување на сеопфатна јавна расправа за Законот за македонскиот јазик, актуелните законски решенија и предлозите за измени и дополнувања на Законот што ќе произлезат од стручната јавност на таа дебата.

Со мерките се предвидува и формирање на Центар за постојана подука на новинарите и на презентерите во електронските медиуми во РМ.

makedonski jazikvlada

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Горан Наумовски10/12/2025 - 14:57

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:5009/12/2025 - 16:56

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски08/12/2025 - 08:5708/12/2025 - 09:20

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски05/12/2025 - 10:3805/12/2025 - 10:40

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски01/12/2025 - 15:3901/12/2025 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен