Донесени измените на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 45. седница ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии. Пратениците ја започнаа расправата за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во второ читање.

Измените на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии се направени во согласност со укажувањата во конечниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори 2011, како и од препораките на ГРЕКО во последниот извештај за евалуација на Република Македонија на тема „Инкриминации и финансирање на политички партии“.

Расправата за Изборниот законик заврши синоќа, а во овие измени и дополнувања се предвидуva одделување на државата од политичките партии, обезбедување правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на Државната изборна комисија и дефинирани рокови за донесување судски одлуки по приговори поднесени од Советот за радиодифузија.

Измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политичките партии се во насока на транспарентност во финансирањето на политичките партии и достапност на податоците во регистарот на донации преку јавно објавување, зајакнување на системот на контрола и задолжителен надзор на работењето на политичките партии и воспоставување правна заштита преку санкции за непостапување и непочитување на законските обврски и рокови за поднесување на финансиските извештаи.

Со измените се предвидува политичките партии на својата веб страница да го објавуваат регистарот на донации на секои шест месеци, потоа Министерството за финансии најмалку еднаш годишно да спроведува обуки за партиите за материјално финансиско работење и начинот на пополнување на годишниот финансиски извештај. Доколку политичката партија во законски пропишаниот рок не достави годишен извештај до Државниот завод за ревизија, измените предвидуваат запирање, односно суспензија на исплатата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија.

Запирање на исплатата на средствата може да се случи и на политичка партија која  нема да ги објави податоците за донациите примени во текот на годината. Одлуката за запирање на исплатата според предлогот ќе ја носи министерот за правда. Членот 27 В од измените предвидува независно од прекршочната одговорност политичката партија која во пропишаниот рок нема да го објави годишниот финансиски извештај согласно овој закон го губи правото на редовно годишно финансирање од буџетот за период од три месеци. Исто така оваа одлука ја донесува министерот за правда и против неа може да се поведе управен спор.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти