Од 60 на 150 дена продолжен рокот за операторите за пререгистрација на програмските сервиси што ги реемитуваат

Од:

Владата на синоќешната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која од 60 дена на 150 дена е продолжен временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат.

Овој рок, како што информира владината прес-служба, е продолжен со цел да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери. Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите.

Кабелските оператори завчера го прекинаа емитувањето на ТВ програмите во траење од еден час во знак на протест од, како што соопштија наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Дополнително, реагираа и на тоа дека на 29-ти минатот месец, во време на вонредна состојба, е донесена Уредба со која законот е надополнет со уште една обврска, како што наведоа, на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа Уредба, наведоа, им наметнува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрираните странски канали во рок од 60 дена.

Министерството за информатичко општество и администрација оцени дека со прекинот е направено прекршување на Законот за електронски комуникации, а ресорниот министер Дамјан Манчевски вчера најави дека ќе имаат средба со сите засегнати страни, потенцирајќи дека новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места