А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Доналд Туск в недела во Скопје

by А1он19/11/2015 - 18:17268
Share0

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, викендов ќе оствари итна посета на Србија, Албанија и на Република Макеоднија, а по најавите за затворање на границите на овие земји за економските мигранти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Туск планира в недела наутро да ја посети Албанија и да се сретне со премиерот Еди Рама, а дента околу 13 часот да пристигне во Скопје на средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Предмалку од Европскиот совет ја потврдија оваа итна мини-турнеја на Туск во трите балкански земји, што ќе биде и негова прва официјална откако на местото неформален прв човек на Европската унија го наследи Херман ван Ромпуј.

Причините за итната посета од Советот не ги соопштуваат, но според информациите повод е бегалската криза.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку во сабота попладне, предвидено е челникот на Европскиот совет да допатува во Белград, каде ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Во недела наутро, Доналд Туск треба да оди за Тирана на средба со Рама, а во 13 часот е предвидено негово доаѓање во Македонија, каде најпрво ќе оствари средба со претседателот, а потоа и со премиерот Груевски.

Оваа изненадна посета наследникот на Ван Ромпуј, се споменува дека е по повод почетокот на затворање на границите на Македонија и Србија за сите освен за бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак.

Имено намерата на Евросоветот, а по одлуката на шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите минатиот е во Македонија, Србија и останатите земји долж западно-балканската миграторска рута е привремено да сместат 50 илјади бегалци.

eukrizapuc

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Захариев: Можно е да недостигаат шприцеви и ракавици поради кризата во Иран

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:3508/05/2026 - 14:59

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто