Донација за градинката „Олга Мицеска” во Кичево

Од:

Нова донација од 150 детски столчиња доби градинката „Олга Мицеска“ од хуманитарната Организација „Класје на добрината”, огранок Кичево.

Директорот Садик Ахмети по приемот на донацијата рече дека нема ништо поубаво отколку да имаш широко и големо срце, кое ги собира сите.

– Таквото срце, каде и да е, размислува како да им даде радост и среќа на другите. Тоа размислува за мајка со сирачиња, помош за сиромашните, за деца без родители, за родител во училиште и градинка…, истакна Ахмети.

Тој во ова прилика најави дека во скоро време ќе има уште донации бидеќи народот кој живее на овие простори, како што рече, за среќа знае како да му даде радост на оној што му е потребно во дадениот момент.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Орце Костов

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски