Донација во маски и ракавици за Македонскиот полициски синдикат

Од:

Донација од 4.000 заштитни ракавици и 1.000 заштитни маски денеска му беа врачени на Македонскиот полициски синдикат. Донацијата е од политичката платформа „Македонски концепт“, а е наменета за вработените во Министерството за внатрешни работи.

– Со нашата донација се обидуваме да им помогнеме на нашите полицајци, да покажеме подготвеност за соработка и солидарност во овие моменти кога е најпотребно во нашата земја. Средствата за промоција на нашите кандидати за пратеници ги пренаменивме за набавка на заштитни средства, кои се користат за поддршка на борбата против вирусот, изјави Петар Богојески од политичката платформа „Македонски концепт“.

Заблагодарувајќи се за донацијата, претставниците на Македонскиот полициски синдикат истакнаа дека донацијата доаѓа во вистински момент и оти ќе биде веднаш распределена онаму каде е најпотребна. Оттаму најавија дека акцијата ќе трае се додека не бидат обезбедени доволно заштитни средства за полициските службеници.

– Уште еднаш како Македонски полициски синдика упатуваме апел до сите општествено одговорни правни лица, здруженија и органзиации кои можат да одвојат средства, да се приклучат во оваа наша кампања со што ќе помогнат и ќе ги поддржат вработените во МВР, АР, АНБ и УФП кои заедно со докторите и медицинскиот персонал деноноќно работат во справување со оваа пандемија, истакнаа од Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски