Донација од заштитна медицинска опрема од Бугарија

Од:

Хуманитарна помош за медицински цели од Бугарија за Северна Македонија денеска беше официјално предадена од бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Вкупната донација се состои од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири.

На примопредавањето на донацијата, министерката Шекеринска изрази благодарност и порача дека во период кога и Бугарија се соочува со оваа голема глобална криза, покажува вистинска солидарност на две пријателски, соседни земји, сојузници во НАТО – Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Вицепремиерот Османи посочи на значењето на меѓусебното помагање во време на глобална криза, како израз на добрососедските односи меѓу двете земји и промоција на европската солидарност на дело.

Тој порача дека заштитната опрема ќе биде употребена за вистинската намена – борба против глобалната пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и дека ваквата соработка е во насока на исполнување на заедничката цел за европска иднина на целиот регион.

Донацијата од заштитна медицинска опрема за поддршка во справувањето со Ковид – 19 е наменета за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски