Донација од САД за МВР, ДЗС и Црвениот крст за справување со Ковид-19

Од:

САД преку Меѓународната програма за поддршка во обука на кривичните истраги (ИЦИТАП), а во насока на справување со пандемијата од КОВИД – 19, денеска донираше опрема и средства за МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и за Црвениот крст на Република Северна Македонија, во вредност од 163 илјади американски долари.

Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, донираните генератори за струја, канистри за вода, рефлектори, термометри, средства за дезинфекција, лап топи и друга опрема и средства веднаш ќе бидат ставени во употреба од страна на надлежните.

Спасовски изрази благодарност до САД, како докажани партнери, за нивното цврсто и доследно партнерство во процесот на реформирање и развој на полицијата како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и на регионалната безбедност.

Тој изрази благодарност и до претставниците од ИЦИТАП програмата во Американската амбасада во Скопје кои, како што потенцира, се наш партнер и поддржувач и во изминаитите години несебично инвестираа во осовременување на капацитетите во МВР со преку 100 – тина донации во разновидна техничка помош, но и стручна, професионална и техничка едукација и обука на полициски службеници од повеќе организациони единици.

– Гледано од оваа перспектива можам да истакнам дека минатите години ги одбележавме со прилично динамични интензивни реформски зафати во МВР и тоа без исклучок во сите сфери во неговото функционриање. Станува збор за процес што во континуитет се надградува, а чии постигнати резултати во голема мерка се должат на нашето партнерство, постојана стручна, техничка и друга помош што ја добиваме од нашите пријатели од САД, истакна Спасовски на примопредадвањето на опремата.

Целта на оваа донација, истакна амбасадорката Брнз, е да се обезбеди МВР, ДЗС и од Црвениот крст, да работат поефикасно, подобро да го сочуваат здравјето на луѓето и да им помогнат на сите граѓани на кои им е потребно.

Според амбасдорката Брнз, оваа донација уште еднаш ја потврдува добрата соработка со МВР, со ДЗС и со Црвениот крст, особено во периодот кога се соочуваме со Ковид -19.

Од почетокот на оваа пандемија, наведе таа, полициските сили од МВР и персоналот од ДЗЦ и на Црвениот крст, се на првите борбени линиии за да се спротивстават и да одговорат на сите предизвици

– Оваа донација не претставува опрема само наменета само за овие услови на Ковид – 19, туку треба долготрајно да им помогне на сите овие лица да се справат со сите слични идни ситуации на итност. САД се најголемиот донатор на ваква опрема, ваш стратешките партнер така беше во изминатите години и така ќе биде во иднина, порача амбасадорката Брнз.

Директорот на ДЗС Аднан Џафероски заблагодарувајќи се за донираната опрема потенцира дека соработката со партнерите од САД и Американската амбасада во Скопје, се одвива континуирано и резултира со обуки и опремувања. Во тој контекст, информираше за претстојната обука на пиротехничари и деминери од ДЗС и од МВР, што треба да ја спроведат претставници од Одделот за отстранување експлозивни направи при Националната гарда на Вермонт.

Саит Саити, генералниот секретар на Црвенитот крст, посочи дека нашата држава со своите политики преку единствениот систем за одговор на катастрофи презема низа активности кои се насочени кон ублажување на последиците настанати од КОВИД -19, кон кои се вклучи и дава придонес и Црвениот крст, како дел од заедничкиот одговор на државата.

– За Црвениот крст добиената хуманитарна помош придонесе за подобрување на перформансите на единиците за одговор при катастрофи во спроведувањето на теренските активности за одговор на КОВИД операцијата. Мобилните тимови на Црвениот крст се континуирано ангажирани со помош и поддршка на ранливото население во домашни услови и на терен преку давање на соодветна помош. Нашите волонтери за ранливото население погодено од вирусот постојано обезбедуваат помош во храна, средства за дезинфекција, средства за хигиена, снабдување со лекови, рече Саити.

Тој ја истакна и плодната, како што рече, повеќегодишна соработка која Црвениот крст ја остварува со Амбасадата на САД. Од особено значење е солидарната поддршка која ја изразуваат вработените во Амбасадата со нивна вклученост и обезбедување на хуманитарна помош, како и доброволно дарување на крв во акцијата која Амбасадата во соработка со Црвениот крст ја организира по повод 11 Септември – Денот на терористичките напади во Њујорк.

Би сакал да ја истакнам соработката и поддршка од УСАИД во обезбедувањето на помош за ранливото население погодено од КОВИД -19. Значајна е и соработката со Мировниот корпус која дава силна поддршка на Црвениот крст во развојни програми за помош на населението во заедниците и промовирање на вредноста на волунтаризмот, изјави генералниот секретар на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Автомобил удрил во малолетник во Скопје – пешакот со тешки повреди

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево