Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

Од:

Во рамки на повеќедецениската билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска преку кинеската амбасада МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“.

– Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значењето на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно, наведуваат од Министерството во соопштение.

Министерот Чулев, се вели во соопштението, изрази благодарност до пријателите од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина