Донација од ГИЗ за Општина Карпош

Од:

Германското друштво за интернационална соработка и Ц.И.М. експертот Кристијан Хартвиг во заедничкиот проект со Општина Карпош за спроведување  на мерки за енергетска ефикасност во Општината донираа инструмент за директно мерење на коефициентот за пренесување на топлината  „U”-фактор за сите елементи од градежните конструкции на објектите.

Овој комплет „КИМО” од  француското производство  со  сертификат од француското  биро за метрологија ,овозможува директно мерење и отчитување на вредноста на  „U”-факторот и е еден од најнапредната генерација на вакви инструменти што постојат и се користат во Република Македонија и пошироко.

giz-karpos (1)

Со неговата набавка се овозможува вршење на контрола на новоизградените објекти кои, според „Правилникот”и сработените енергетски елаборати, подлежат на категоријата за субвенционирање на комуналните такси до 20%,односно се потврдува високата  „B” енергетска класа на овие објекти.

Инструментот ќе биде во функција на работата на овластените енергетски контролори од Општина Карпош Љупчо Димов и Јованче Цветаноски кои се стекнаа со овластувањето со спроведените обуки на првата група во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски