Донација за граничната полиција на ГП Богородица

Од:

Модерна специјализирана техничка опрема, вредна околу 3,7 милиони евра, главно составена од термовизиски камери, детектори на срцебиење, системи за проверка на документи, системи за граничен надзор и посебни возила ќе биде примопредадена денеска на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.

Опремата треба значително да придонесе за спречување и сузбивање на криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе.

Свое обраќање ќе имаат Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Соња Божиновска-Петрушевска, раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции – ИОМ Скопје.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ