ДОМ: Зелениот катастар треба да води кон ревизија на урбанизмот во Скопје

Од:

„ДОМ ја поздравува изработката на зелениот катастар на Град Скопје, што произлезе како обврска од Законот за урбано зеленило. Не случајно ДОМ со години се бореше за носење на овој закон, зашто зелениот катастар и задолжителниот процент зеленило на ниво на град и на градежна парцела се клучни алатки во борбата со аерозагадувањето.

Сметаме дека сега треба да следат два нови чекора. Првиот чекор е да се обезбеди достапност на зелениот катастар до јавноста, за да може сите ние како граѓани да ја следиме состојбата со зеленилото. Со ова ќе бидат јавно познати просторите со урбано зеленило кои не смеат да се претвораат во градежно земјиште.

Втор чекор е да се направи целосна ревизија на деталните урбанистички планови, зашто бетонирањето на просторот го спречува нормалното проветрување на градот, го задржува смогот помеѓу зградите и опасно го загрозува здравјето и квалитетот на живот на граѓаните.

Затоа ДОМ и понатаму бара да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање и негово усогласување со Законот за урбано зеленило, со што ќе се внесе минимумот од 20% зеленило на градежна парцела и 25 метри квадратни зеленило на жител на ниво на град“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски