ДОМ: Здравствените работници да бидат наградени со ваучери за туризам

Од:

Веќе втора година здравствените работници се изложени на максимален притисок во борбата со Ковид 19 вирусот, ризикувајќи ги своите животи и спасувајќи многу други со својата пожртвуваност и професионалност. Со подобрување на состојбата со пандемијата во нашата земја за прв пат се во можност да ги искористат своите годишни одмори и со своите семејства да одморат во нашите туристички места порачуваат од ДОМ.

„Зелената партија ДОМ предлага до Владата, да додели ваучери за туризам на здравствените работници кои ќе бидат искористени во текот на 2021 година. Ваучерите со висина од 15000 денари би претставувале награда за нивната работа во Ковид центрите и справувањето со пандемијата. Покрај можноста на здравствените работници за продолжен одмор оваа мерка ќе овозможи дополнителен број на ноќевања во туристичките дестинации, позитивно влијание во туристичкиот сектор и мултипликативен ефект во македонската економија“ – се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!