ДОМ: СТОП за златната треска во Гевгелија

Од:

„ДОМ ги повикува граѓаните на Гевгелија да ја отфрлат идејата за отворање два рудника за злато на Кожув, при изјаснувањето на референдумот на 23 април. Граѓаните не треба да дозволат да бидат измамени од сјајот на златната треска што се најавува за нивниот регион. Само тие можат да го спречат уништувањето на животната средина и здравјето на жителите од гевгелиско и поширокиот регион, што ги демне од овие проекти.

Некоректно е да се распишува референдум на ваква значајна тема без претходно чесно и целосно информирање на граѓаните за суштината на работата на рудниците. Секој што ќе се изјаснува на референдумот треба да знае дека рудници за злато веќе не се отвораат во Европа поради примената на цијанидни раствори за лужење на рудата што се применува во нив.

Цијанидните раствори се смртоносен отров кој преку водите го уништува целиот жив свет во околината на излевање. Ваква еколошка катастрофа со помор на живиот свет во рекета Дунав се случи во 2000-та во Баја Маре во Романија и оттогаш е сменета и европската законска регулатива за рудници за злато.Од тие причини Романија, Бугарија и Грција ги одбија сите обиди за отворање на рудници за злато во изминатите години.

Истата канадска фирма Еуромакс е одбиена во сите земји на Балканот, а е прифатена во Македонија, во рудникот Иловица, Струмичко. Сега се нуди како концесионер со истата валкана технологија со смртоносните цијаниди во Гевгелиско.

Гевгеличани имаат реална шанса да си го спасат животот и здравјето, а со тоа да им помогнат и на сите други граѓани на земјава, за да се спречи отворање на дури десетина планирани рудници! По неуспехот на нивниот референдум ќе бараме преиспитување на одлуката за рудникот Иловица и одговорност за сите замешани лица во овој, повеќе од очигледен, корупциски скандал“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија