ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Од:

Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја.

„Корупцијата продолжува да биде системски предизвик за нашето општество кој ја поткопува правната држава, економскиот развој и довербата на граѓаните во институциите.

Стагнацијата во реформите, недоволното спроведување на законите, слабата отчетност на функционерите, а особено и недоволно транспарентната процедура на измените на Кривичниот законик ја оставаат нашата земја заглавена во површни резултати и покрај тоа што транспарентноста и отчетноста треба да бидат темел на една модерна демократска држава.

Потсетуваме на нашите јасни позиции од изминатиот период дека борбата против корупцијата мора да биде врвен приоритет, а не само декларативна заложба. Тоа значи:

🔹 Воведување строги и јасни механизми за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери, вклучително автоматско објавување на имотните листи, судири на интереси и обврска за суспензија при основано обвинение.
🔹 Формирање на независен антикорупциски инспекторат со реални институционални овластувања и санкции.
🔹 Јавно достапни истраги и пресуди за случаи на висока корупција кои ќе бидат без политички притисоци и без селективни практики.
🔹 Реформи во судството и обвинителството кои ќе овозможат целосно и професионално спроведување на законот.

ДОМ оценува дека без суштински реформи, транспарентност и отчетност, Македонија ризикува уште повеќе да се продлабочи недовербата на граѓаните во институциите и државата воопшто, особено на младите кои веќе масовно ја напуштаат државата поради недостаток на перспектива.

Корупцијата не смее да се релативизира туку треба да се препознае како сериозна општествена болест која ја загрозува довербата, слободата и иднината на граѓаните. Во пресрет на ваквите предизвици ДОМ ги повикува сите политички субјекти, здруженија и граѓани на заедничка, принципиелна и ефикасна борба против корупцијата, со конкретни промени кои ќе донесат видливи резултати наспроти декларативните заложби кои постојано ги слушаме од сите владејачки гарнитури, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите