ДОМ: Средба на прeтседателката на ДОМ, Морачанин со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

„Денес, во Централната канцеларија на ДОМ, во Скопје, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Н. Е. г-дин Кристијан Тимоние.

Амбасадорот упати честитки за изборот за претседателка на ДОМ, со желба за многу успех во извршувањето на оваа функција. Се истакна взаемната посветеност за продолжување на соработката за унапредување на севкупните состојби на живеење во Република Македонија.

Во очекување на почеток на преговорите за членство во Европската Унија, особено значајни ќе бидат реформите во областа на владеење на правото, борба против корупцијата и почитување на човековите права. Морачанин го информираше Амбасадорот за активностите на ДОМ како зелена партија, во сферата на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Амбасадорот покажа интерес за текот на собраниската процедура на носење на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и на Законот за минерални суровини. Имајќи предвид дека Морачанин е координаторка на Интерпартиската парламентарна група за ЛГБТИ правата, Амбасадорот предложи средба на групата со Асоцијацијата на граѓански организации од истата област од Франција, која во декември ќе престојува во Скопје“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!