ДОМ се залага за еднаква застапеност на мажите и жените во структурите на партиите

Од:

Следејќи ја праксата на Европските Зелени  за еднаква застапеност на мажите и жените во раководните структури на партиите, на вчерашниот Централен одбор на ДОМ беа направени неколку измени во раководството на партијата, односно покрај досегашниот портпарол Тони Ристов беше избран  уште еден нов портпарол – жена. Тоа е Маја Морачанин, која воедно е и претседателка на Форумот на жени на ДОМ, соопштија денеска од партијата.

Исто така, покрај досегашниот потпретседател биле избрани уште двајца потпретседатели – професорот Денко Скаловски, кој е воедно и советник во Советот на Град Скопје и професорката Бети Дејанова, која беше носител на листата на советници на Општина Центар.

– На овој Централен одбор беа направени и уште неколку измени во телата на партијата, во делот на  членови на секретаријатот, координатори на изборни единици и членови на комисии. Сите избрани се долгогодишни членови на ДОМ, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on