ДОМ: Рудник во Иловица треба да се заборави!

Од:

„ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот Иловица на падините над Струмичко Поле. Тој проект е антиеколошки и ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Гледано правно, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на Казандол. Нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како се да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања, па да продолжат со копање огромен базен во планината!?

Рудникот Иловица треба да се заборави и поради тоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини, со кој се забрани употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Оваа одредба важи за сите рудници што треба да аплицираат за концесија. Таков е и Иловица, тој е рудник во најава, без валидни документи и концесија“, се вели во соопштението на ДОМ.

Пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, го подготвија текстот за Законот за минерални суровини и го поднесоа со група колеги од парламентарното мнозинство токму за да ги спасат граѓаните од отворање 80-ина опасни рудници ширум Македонија. Законот беше усвоен во јануари 2019 година и тој треба да се почитува, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он

Иловица и Плавица меѓу напредните рударски проекти: Струката ги посочува пречките за развој на критичните материјали