ДОМ промовираше зелено мени во духот на еднаквоста на мажите и жените

Од:

Носителите на листите и кандидатите за советници од редовите на ДОМ за скопските ооштини и Град Скопје денеска приготвуваа т.н. зелено мени.

Натпреварот беше симболична манифестација на заложбите на партијата за еднакви можности за сите, за мажите и жените, за елиминирање на родовата и секаква друга дискриминација, како и за социјална правда.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска ја потенцираше важноста на примената на еко-принципите во производството на здрава храна, стимулацијата на локалното земјоделско производство, како и важноста од здравата исхрана што подразбира користење на сезонски и локални, автохтони сорти на сите видови прехранбени продукти.

Присутните граѓани имаа можност да ги дегустираат приготвените менија.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?