ДОМ: Повик до туристичкиот сектор за чиста Македонија

Од:

По повод Светскиот ден на туризам, Демократската обнова на Македонија (ДОМ) потсети дека нема туризам без екологија и упати повик до туристичкиот сектор активно да се вклучи во акцијата за чистење што ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање на 5 октомври.

– Како пратеник бев иницијатор на акцијата „Македонија без отпад“, заедно со колегите од ДОМ и невладината „Ајде Македонија“. Владата ја поддржа акцијата и лани се спроведе два пати, а се собраа вкупно 60.000 тони отпад. Акцијата „Македонија без отпад“ стана традиционална и годинава ќе се прошири на сите општини што се спремни да се вклучат. ДОМ и понатаму инсистира на развој на туризмот, зашто се покажа дека е огромна можност за нови вработувања и економски развој, рече на денешната прес-конференција претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Насер Хот од Комисијата за туризам на ДОМ ги повика сите туристички работници, сопственици на хотелско-угостителски објекти, сопственици на помали приватни пансиони и други семејни бизниси во туризмот, туристички водичи и вработените во нив да се вклучат во акцијата „За чиста Македонија“.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски