ДОМ почнува кампања за економско јакнење на жените

Од:

ДОМ како зелена партија, преку Форумот на жени на партијата започнува кампања за економско јакнење на жените, затоа што, посочуваат, економската независност е предуслов за достоинствен живот на жените и нивните семејства, но и за севкупен развој на државата.

На третото изборно собрание на Форумот на жени на ДОМ што се одржа вчера во Битола, беше донесена Програма за работа за периодот од 2013 до 2017 година, во која еден од главните приоритети е економското јакнење на жените.

Од Форумот на жени на ДОМ потенцираат дека целите на кампањата се  обезбедување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на жените со овозможување опции за флексибилно работно време (скратено работно време, работа во одредени денови), породилно отсуство од 12 месеци, зголемување на бројот на градинките особено во руралните средини и целодневна работа на градинките. Ќе се бара активна партиципација на жените во „Озеленување“ на економијата и создавање нови „зелени” работни места, во користењето обновливи енергии, зголемување на енергетската ефикасност, развој на туристичкиот сектор, современ третман на отпадот и водите, производство на здрава храна и рурален развој. Зголемување на поддршката на жените при основање приватни фирми, преку даночни олеснувања, кредитни линии или бенефиции кон фирмите каде менаџерскиот тим е од женски состав или каде доминираат женски работни позиции.

ДОМ во кампањата ќе бара и поголема застапеност на жени – управители и претставници во управни и надзорни одбори, достапни едукации од областите како бизнис, менаџмент и маркетинг, формирање фонд за поддршка на неформалниот бизнис сектор (организиран извоз и пласман на македонски ракотворби и производи на занаетчиите) и ефективна примена на законските одредби за борба против мобингот на работното место.

Кампањата за економско јакнење на жените ќе се одвива преку измена на законската регулатива, трибини, предавања, акции и други форми на делување.

Би можело да ве интересира

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог