ДОМ организира акција за собирање електричен отпад

Од:

Граѓаните ќе имаат можност да се ослободат од старите и неупотребливи домашни апарати, бела техника, како и електронски уреди: стари мобилни, телевизори, компјутери, принтери, касетофони, цд плеери,… во рамки на акцијата за собирање на електричен и електронски отпад (ЕЕ-отпад) што од 26 септември до 3 октомври ја организира ДОМ.

Ова е дел од акцијата „Македонија без отпад“ и ќе се одвива во 22 општини во Македонија: Аеродром, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров, Бутел, Штип, Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Пробиштип, Прилеп, Могила, Битола, Тетово, Гостивар, Куманово и Ранковце.

За потребите на акцијата, ДОМ информира дека се обезбедени контејнери во соработка со овластениот постапувач за ЕЕ-отпад „Нула отпад“, кои ќе бидат поставени на видно место во секоја општина.

За конкретното место и време на одржување на акцијата заинтересираните граѓани може да се информираат во централата на ДОМ на телефон 078 404 165 и 076 311 601.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов