ДОМ: Одложување на изборите во интерес на здравјето на граѓаните

Од:

Зелената партија ДОМ апелира до сите политички субјекти, во овој период на сериозни предизвици поради пандемијата на коронавирусот, да го стават интересот на граѓаните и државата, пред партискиот интерес и да дадат максимален придонес во борбата против опасниот вирус.

„Носењето заедничка одлука на партиите за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12.04.2020 година, на денешната лидерска средба, е вистинскиот чекор.

За ДОМ, грижата и заштитата на здравјето на граѓаните се секогаш врвен приоритет, а особено сега, во услови на пандемија која го потресува целиот свет.

Изборниот процес неминовно би довел до поинтензивни контакти помеѓу граѓаните што е спротивно на мерките и препораките на Светската здравствена организација, нашите експерти и надлежни институции, кои се превземаат со цел спречување на ширењето на вирусот и заштита на здравјето.

Дополнително, одржувањето избори во отсуство на мониторинг мисијата на ОБСЕ и ОДИХР која веќе најави повлекување од Македонија, би можело да предизвика сомнеж во кредибилноста на изборите и недоверба кај граѓаните“, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата