ДОМ: Нови спорни ДУП-ови во Аеродром?

Од:

„ДОМ јавно прашува дали општина Аеродром планира да носи нови спорни ДУП-ови следната недела? Ова го прашуваме на барање на граѓани од Лисиче, кои живеат во зградите помеѓу булеварите Видое Смилевски Бато и Февруарски Поход. Тие се загрижени од најавите дека ќе се повтори „тајното“ носење на ДУП-от кај Мајчин дом, без најава на дневниот ред, без прифатена ни една забелешка од јавната анкета и во период на технички мандат на локалната самоуправа, кога таа нема веќе полн легитимитет за носење ДУП-и.

Зградите бр. 10, 12, 14 и 16 од урбанистичката четврт ЈИ03 со планираните урбанистички измени, кои веќе поминале експресна јавна анкета, би изгубиле големи делови од своите паркинзи и зелени површини, кои тие ги имаат и откупено, според законските обврски за откуп на дворното место. Затоа имале дадено многу сериозни забелешки и барања за отфрлање на предложениот ДУП, со кој се менува трасата на бул. Февруарски Поход и им се одзема дел од јавниот простор и дел од сопственоста на зградите. Со ова би се одзел дел од нивниот имот, но и целосно би се сменил квалитетот на животот, со сообраќајна гужва, наместо зелен спокој, поради кој ги имаат купено токму таму своите станови.

Прашувајќи се за причините за вакво ненадејно менување на ДУП-от на нивна сметка, граѓаните дошле до информации дека целта е голема бизнис зделка која се планира на земјиште кое порано било на Република Македонија, а сега е делумно приватизирано, па новите сопственици планираат градење на редица висококатници.

Во име на граѓаните и јавноста, очекуваме јавен одговор, со кој или ќе се демантираат овие информации кои ги загрижуваат граѓаните од тој дел од градот, или, пак, ќе се објаснат, за да нема нагаѓања и шпекулации“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина