ДОМ: Нова кривична пријава за Југохром, владата не смее да им го продолжи рокот

Од:

Доколку владата не ги преземе законските мерки за да ги заштити граѓаните од труењето на комбинатот Југохром, ДОМ ќе поднесе нова кривична пријава за фирмата и нејзиното раководство, велат од Демократската обнова за Македонија.

„Неодговорно и несериозно е однесувањето на раководството на еден од последните големи загадувачи, кое повторно ја излажа целата македонска јавност дека тече процесот на набавка и монтажа на филтер-опремата. Наместо тоа, сега изјавуваат дека не стигнале ни во овој рок еколошки да се прилагодат, па бараат од владата продолжен рок за уште 1,5 година.

Тоа значи уште 1,5 година безмилосно труење на своите вработени, но и на илјадници граѓани на Јегуновце, Тетово, Гостивар и околината! Според Законот за заштита на животната средина, првиот рок за еколошко прилагодување беше 1 април 2014 година и тој е одамна поминат, а поминаа и сите продолжени рокови што ги доби комбинатот, со серија ветувања дека само што не ја монтирале опремата за филтрирање на опасната прашина. ДОМ имаше поднесено кривична пријава за Југохром до обвинителството во Тетово, но, тоа беше одбиено без образложение“, стои во соопшетнието на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски