А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДОМ: На Уставен суд за спорниот ДУП во Аеродром

by А1он06/04/2017 - 13:54144
Share0

„ДОМ бара општината Аеродром да го поништи спорниот ДУП, со кој ќе се бетонираат големи површини зеленило во една од најзагадените општини. Во спротивно, ДОМ ќе поведе иницијатива за преиспитување на уставноста на самата постапка за носење на ДУП-от, што дава можност за изрекување привремена мерка за стопирање на неговото спроведување.

Добивај вести на вибер

Апсолутно е спорна постапката за носење на ДУП-от, ставена како итна точка, без никакво образложение, но исто така и донесувањето на истиот скандалозен план, без усвојување на ниту една забелешка од жителите на населбата. Згора на се, ДУП-от се носи во лимбо период на локалната самоуправа, создаден поради политичката криза во земјата, кога всушност требаше да течат активностите за локалните избори.

Носењето на овој ДУП го оспоривме уште пред една година, кога реагираа и граѓаните што живеат таму. Тој е еден од оние проблематични ДУП-и за кои бараме стопирање и ревизија, заедно со измени во законската регулатива за просторно и урбанистичко планирање, за градење, за градски архитект, како и носење на вистински Закон за урбано зеленило.

Затоа, повеќе од итно е потребно формирање нова Влада која ќе може да се посвети на заштита на животната средина и да ги слушне и испочитува потребите на граѓаните“ се вели во соопштението на ДОМ.

aerodromdom

Би можело да ве интересира

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:58

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:38

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски23/10/2025 - 20:3123/10/2025 - 20:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен