ДОМ на Конференција на Европските зелени во Виена

Од:

Во Виена од 8-ми до 10-ти ноември се одржува конференција по 14-ти пат на зелените локални советници од Централна Европа и Западен Балкан, на која учествува и делегација на ДОМ во состав: Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска и Христа Најданов.

„Главна тема на оваа Тркалезна маса, на која ќе дебатираат 50-тина учесници од 14 земји, е европската солидарност. На конференцијата ќе се разговара за улогата на граѓанското општество во борбата против корупцијата, како и за различни еколошки и социјални теми. Свои презентации за актуелната политичка состојба во Македонија и за враќањето на земјата кон владеење на правото и борбата против корупцијата, како и значењето на европската солидарност за нас, ќе имаат и претставниците од ДОМ.

Во рамките на конференцијата се организира и работилница за “Мобилизација на жените во Европа”.

Демократијата, владеењето на правото, борбата против корупцијата, почитувањето на човековите права и слободи, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и солидарноста, сe фундаментални европски зелени вредности“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Горан Наумовски

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

Авганистанец уби три жени во Виена