ДОМ ќе учествува со 39 советнички листи на претстојните локални избори

Од:

ДОМ за претстојните Локални избори поднесе 39 советнички листи, на кои  се наоѓаат 723 кандидати, соопшти денеска на прес-конференција претседателката на партијата Лилјана Поповска.

Таа додаде дека има практично еднакво учество на жените и мажите и скоро 30 проценти носители на советничките листи се жени, како во Центар, Кисела Вода, Битола, Охрид, Куманово, Гевгелија, Кочани, Пробиштип, Ранковце и Чашка.

– Ова ќе биде можност заедно со граѓаните за посилно застапување на зелената опција и реализација на програмските приоритети на ДОМ, Поповска.

Носителот на листата за Град Скопје Денко Скаловски истакна дека Скопје мора да биде град по мерка на сите негови граѓани, а не само по мерка на краткорочни добивки и брзо збогатување на поединци и мали групи врз грбот на идните генерации.

Носителот на листата за општина Центар, Бети Дејанова – универзитетски професор при Медицинскиот факултет во Скопје, при претставувањето на приоритетите упати апел до сите сограѓани дека мора да ја осмислат општината со повеќе зелени површини, помало загадување на воздухот, почиста околина и поздрава средина.

Актуелната советничка од општина Кисела Вода и кандидатот за носител на листата за општината, Дивна Видиниќ, рече дека како советник се залагаше и ќе се залага за решавање на еколошките проблеми, кои ги има многу во општина Кисела Вода.

Тони Ристов, кандидат за советник од листата за Град Скопје, истакна дека советниците на ДОМ, особено од листата за Град Скопје, како врвен приоритет за реализација си го поставија креирањето на концепциска рамка за „Скопје Зелен Град“, кој ќе се овозможи еколошка, социјална и економска рамнотежа во сите сегменти на општественоти и економското живеење и функционирање на градот и неговите граѓани.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ