ДОМ ќе поддржи закон за амнестија на осудените за неточни изјави во ФЗОМ

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска од Собранието најави поддршка на иницијативата за носење закон за амнестија на 15.000 лица осудени поради давање неточна изјава за годишните приходи пред Фондот за здравствено и социјално осигурување за 2012 година.

Иницијативата е поднесена од Здружението за социјална правда „Ленка“.

Поповска појасни дека пресудата за давање неточна изјава за годишни приходи пред ФЗОМ била изречена според стара одредба на Законот за придонеси за здравствено и социјално осигурување која подоцна била обжалена од страна на ова здружение пред Уставниот суд и укината.

– Увидувајќи ги проблемите што произлегле од спорната одлука, самиот ФЗОМ во 2015 има донесено измени во Законот и сега веќе не е потребна изјава од граѓаните, туку по службен пат таа работа ја врши Управата за јавни приходи, изјави Поповска.

Според неа, создаден е правен вакуум кој не може да се реши поинаку освен со Закон за амнестија, поради променетите околности.

Појасни дека кај најголем дел од неточните изјави се работи за мали разлики во примања од 100 до илјада денари, како и за сиромашно и честопати неука категорија граѓани.

Според Поповска, мал е бројот на оние граѓани што свесно направиле измама од големи размери и од нив Фондот ќе си бара отштета.

Би можело да ве интересира

Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он