ДОМ ќе настапи самостојно со советнички листи во 40-ина општини и во Град Скопје

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) на претстојните локални избори ќе настапи самостојно со советнички листи во 40-тина општини во Република Македонија и во Град Скопје, а коалициски за градоначалници. Извршниот одбор на партијата пред една недела ја донел одлуката која треба да биде потврдена утре седница на Централниот одбор.

– Нашата одлука за самостојни советнички листи е донесена поради потребата од посилна промоција на зелените политики и потребата од одржливи зелени решенија во сите сфери на општествениот живот во локалните заедници, како и заради понатамошно приближување кон Европската Зелена Партија… Ние и понатаму остануваме коректен партнер во владејачката коалиција, посветен на политиките и проектите за развој на Македонија во модерна европска и демократска земја, рече на прес-конферениција портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

ДОМ на граѓаните ќе им понуди зелена програма базирана на Платформата за зелени општини која ја претстави пред една година. Приоритет на ДОМ и овојпат е родовата рамноправност и ќе биде голема застапеноста на жени како кандидатки и носителки на листите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?