ДОМ ќе настапи самостојно на локалните избори

Од:

Централниот одбор на ДОМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор за самостоен настап на локалните избори 2013.

Како што соопшти денеска претседателката на партијата Лилјана Поповска, ДОМ ќе има околу 40 советнички листи, традиционално коалициски ќе настапи во неколку општини Чаир, Гостивар, Кичево, а ќе води максимално позитивна кампања со промоција на сопствената „зелена програма“.

– Ќе настапиме самостојно, со советнички листи на ДОМ. Листата за градоначалници ќе ја поддржиме коалициски. Со колегите од ВМРО–ДПМНЕ сме задоволни што постигнавме согласност околу тоа. Веруваме дека ова ќе биде најдобар начин за промоција на зелената опција и од друга страна, ќе биде наша можност за натамошно приближување до Европските зелени партии, рече Поповска на прес-конференција.

Според неа, ДОМ ќе промовира политичка култура на толеранција, разум и одмереност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?