ДОМ: Ќе бараме промена на изборниот модел, со една изборна единица и отворени листи

Од:

Зелената партија ДОМ преку соопштение им честита на сите граѓани кои придонеле парламентарните избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, со доследно почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

„ДОМ е длабоко загрижен од случувањата со хакерскиот напад врз ДИК и бара надлежните институции да спроведат темелна истрага и за тоа детално да ја информираат јавноста“, се вели во соопштението.

Од ДОМ велат дека изборите уште еднаш ја потврдија оправданоста на нашите барања за промена на изборниот модел, со една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите.

„Овие измени на Изборниот законик, вклучително и внесување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, за ДОМ ќе бидат еден од приоритетите во собраниското дејствување. Во следниот период остануваме целосно посветени на реализирање на Зелениот пост-корона план, за развој на зелената економија, социјална правда и еднакви можности за сите“, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов