ДОМ ја поддржува иницијативата за отстранување на велешките патарини

Од:

Демократска обнова на Македонија – Велес (ОО ДОМ – Велес) продолжува со поддршката на иницијатива за отстранување на патарината на потегот Велес – Катланово и патарината Катланово – Велес, попознати и бара политичка поддршка од останатите учесници на локалните избори.

Во ДОМ сметаат дека ова е конкретно решение со кое ќе можат да се намалат трошоците за патување на сите од Велес, Јужна и Источна Македонија кои патуваат кон Скопје и од Скопје.

– Бараме конкретен став дали и другите се или не се за оваа иницијатива. Доколку не се добие оваа поддршка ДОМ Велес, веруваме и со поддршка на ДОМ од Чашка, Неготино, Лозово, Свети Николе, Штип и останатите ќе започне со собирање на потписи за поддршка на оваа иницијатива, нагласија денеска на прес – конференција од ОО на ДОМ – Велес.

Потсетуваат дека при согледување на стандардите за модерен автопат како: безбедност, брзина од 100 -130 км на час, неколку коловозни ленти, радиус на кривини и прегледност, лента за принудно запирање, соодветна ширина на банкините, вертикална и хоризонтална сигнализација, заштитна жична ограда, рамен коловоз и согледувајќи ја реалноста по автопатот, подвлекуваат, за кој се плаќа најскапа патарина безбедноста на патниците е доведена во крајна опасност.

– Граѓаните во Македонија имаат трикратни давачки како придонес кон патиштата кога се движат со моторни возила. Соодветен процент се одвојува при регистрација на возилото, потоа одреден процент е вграден во енергенсите што ги користат возилата и третпат граѓаните плаќаат патарина на автопатите, сметаат меѓу другото во ДОМ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“