ДОМ: Изборите мирни, израз на волјата на граѓаните

Од:

Партијата ДОМ оценува дека денешните избори минаа во фер и демократска атмосфера.

– Ова го кажуваме врз основа на сите податоци што ги добивме од терен и од медиумите, пред се од изјавите на набљудувачите. Сметаме дека токму вакви избори и требаат на Македонија во еден европски манир, мирно демократски да може секој да ја изрази својата волја, изјави вечерва на прес-конференција претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Она што е важно, според неа, е дека резултатите какви и да бидат, за кого поволни, за кого помалку поволни, сите ние како политички субјекти треба да ги прифатиме зашто секако тие ќе бидат израз на волјата на граѓаните.

– Она што е важно за Македонија сега е на еден мирен демократски начин да се формира влада која што ќе се зафати со работите што стојат пред Македонија, на внатрешен план меѓутоа и на надворешен план во поглед на евроатлантските интеграции, изјави Поповска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?