ДОМ им го честита празникот Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед

Од:

ДОМ срдечно им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед, посакувајќи им добро здравје, мир и лична благосостојба.

„Времето на големите верски празници е и време да се потсетиме дека добрата волја и пружената рака на пријателство се единствен пат на соживот, онака како што налага и докажува вековната традиција на живеење на овие простори.

Суштинска е разликата во живеењето едни со други од живеењето едни покрај други, во атмосфера на заемна почит и уважување.

ДОМ и во оваа пригода потсетува дека тоа е можно само со отворено срце и без предрасуди, зашто тоа е единствениот пат кон среќна и просперитетна иднина на сите граѓани во Република Македонија“, се вели во честитката на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Рамазан Бајрам -10 април, неработен ден за сите граѓани

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог