ДОМ го поддржува референдумот за ГТЦ

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) го поддржува претстојниот референдум за изгледот на Градскиот трговски центар што треба да се одржи на 26 април.

– Се придружуваме кон заложбите за зачувување на архитектонската вредност на ГТЦ, кој со својата интегрираност во урбаното ткиво, автентичност и функционалност, претставува дел од нашето културно наследство и како такво треба да се заштити. Референдумот е многу важен демократски институт и ниеден граѓанин не би требало да ја пропушти можноста да го искаже својот став за тоа како сака да изгледа срцето на неговиот град. Воопшто не е важно како некој гласал на парламентарни или локални избори, зашто на референдумот не се гласа политички, туку граѓански, како поединец со свој став и вкус, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ