ДОМ: Да се исполнат сите 19 препораки на УНЕСКО за Охридскиот регион

Од:

ДОМ е на иста страна во борбата на екологистите за прогласување мораториум за градење во Охридскиот регион. Препораката бр. 6 од Извештајот на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од април 2017, укажува на потребата од прогласување мораториум за градежни активности во рамките на доброто до донесување на потребните планови. Мораториумот е една од 19-те препораки на УНЕСКО кои Македонија треба да ги реализира за да Охридскиот регион не биде ставен на Листата на светско природно и културно наследство во опасност.

Охридскиот регион е едно од само 35-те природни и културни наследства во светот, заштитени од УНЕСКО”-истакнува Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”.

Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија, чија претседателка е пратеничката Ирена Стефоска, спроведе надзорна расправа на тема “Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство”. Во текот на трите продолженија на расправата учествуваа претставници од надлежните институции, граѓанските организации и експерти од соодветната област. Врз основа на исказите на сведоците и добиените документи, Комисијата за култура усвои 24 заклучоци со укажувања и препораки до сите надлежни институции, со цел реализирање на сите 19 препораки од УНЕСКО и зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство.

Во јуни оваа година, во Охрид, ДОМ во соработка со Зелениот институт и Биро де Хелинг, одржа конференција на тема “4 сезони екотуризам во Охридскиот регион”. Заклучоците од конференцијата ја истакнаа потребата од спроведување на препораките на УНЕСКО и стратегија за развој на одржлив екотуризам, кој се грижи за природното и културното наследство, наместо развој на масовен туризам, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство