ДОМ бара увид во неважечките ливчиња преку Управниот суд

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска побара увид во неважечките ливчиња од гласањето во првиот круг преку Управниот суд.

Ваквото барање, како што појасни денеска претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, произлегува од нивните сомневања дека дел од гласовите им се скриени во неважечките ливчиња.

– ДОМ е задоволен од добиените 25.000 гласови на овие локални избори. Меѓутоа, анализите на нашите општински организации покажаа дека во крајните резултати фалат гласови од нивните најблиски роднини и пријатели. Тоа ни даде право да се сомневаме  дека дел од нашите гласови се скриени некаде во неважечките ливчиња. Затоа преку ДИК побаравме увид на неважечките ливчиња, а по одбивањето од нивна страна, сега инсистираме на увид во неважечките ливчиња преку управен суд. За таа цел поднесуваме 35 тужби, рече Поповска.

Особено инсистираат за увид во скопските општини Карпош, Центар, Гази Баба и некои други, како и во помали општини како Конче и Чашка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?