ДОМ: 5 јуни – Меѓународен ден на животната средина

Од:

Оваа година, меѓународниот ден на животната средина – 5 јуни, се одбележува со слоганот – „Време е за природата“ и не повикува сите нас жители на планетата Земја да покажеме поголема грижа за екологијата и за заштитата на животинскиот и растителниот свет, велат од ДОМ.

„Одбележувањето на светскиот ден на животната средина е повод уште еднаш да ги преиспитаме нашите активности кои нанесуват штета на природата. Природата која ни обезбедува се што ни е потребно, е загрозена од најразлични влијанија и секој од нас поединечно и организирано треба постојано да придонесува за нејзина заштита“, соопштиваат од ДОМ.

Вообичаено Зелената партија ДОМ овој ден го одбележува со акции, како чистење на одредени локации од отпад, садење дрвја и цвеќиња, ослободување на заробените во бетон дрвја. Поради сегашните околности со корона пандемијата, ваквите активности од партијата велат дека ги одложуваат за следниот период.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on