Епидемиологот Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести е позитивен на Ковид-19. Во следниот период ќе биде во изолација информираат од Министерството за здравство.
-Министерството за здравство ве информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19. Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести – стои во соопштението од МЗ.