Докторката од Куманово, заболена од Ковид-19, со апел до сите: „Седете дома“

Од:

Гордана Николиќ, докторката од Куманово кај која беше дијагностициран коронавирусот, се огласи на нејзиниот профил на Фејсбук, и исто онака како што правела и претходно, и овојпат, апелот е ист – „Седете дома“.

Пред само неколку дена, Николиќ на својот Фејсбук профил има напишано: „Ако не седите Вие дома, наскоро ние здравствените работници ќе седиме дома. А тогаш…договорете се кој ќе биде лекар, кој сестра , кој болничар. Верувам дека можете….нели?“

Во текот на вчерашниот ден, Николиќ заедно со уште колега и медицинска сестра од Куманово, беа дијагностицирани од коронавирусот, тие се на домашни лекување и имаат лесна клиничка слика. Докторката на својот профил објави лична порака и апел до сите граѓани, вклучително и алгоритмот за определување кога е потребно тестирање за коронавирусот.

„Моментално овие лица се во домашна самоизолација, бидејќи немаат потреба од болничко лекување. Засега немаат покачена телесна температура, ниту други симптoми и поради тоа се во домашни услови“, изјави за „А1он“ директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

Таа вели болницата има капацитет да се справи со евентуално ширење на коронавирусот и дека инфективното одделение кое се наоѓа во посебна зграда е на раполагање исклучиво за пациенти со симптоми на коронавирусот. Тука ќе бидат згрижени пациентите за кои ќе треба болничка изолација, а воедно одделението ќе служи и како пункт за тестирање за оние кои имале контакт со заболени.

Доколку има потреба и се зголеми бројот на заболени, вели Захариева, помош ќе побараат од Министерството за здравство да испрати персонал од други здравствени установи.

Болницата во Куманово

Пред два дена, од Ковид-19 почина 57-годишна жена од Куманово, која претходно се лечела во кумановската болница со симптоми на Ковид – 19. Слични симптоми, според изјавите на министерот за здравство Венко Филипче имал и нејзиниот син. Кај жената, според официјалните изјави, двата теста за коронавирус биле негативни, а по нејзината смрт која настапила само една недела по појавата на симптомите, бил направен уште еден тест, кој се покажал позитивен.

Филипче за ова рече дека сензитивноста на тестовите не секогаш е стопроцентна.

Нејзиниот син е префрлен на Инфективната клиника, во тек се испитувањата на сите контакти што ги имала жената, а потоа треба да биде направен план за работа на болницата.

Во меѓувреме, Владата одлучи да го укине градскиот, меѓуградскиот и железничкиот сообраќај до Куманово.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра