Доктор од Струмица одбил да ги анкетира граѓаните вратени од Бон, иако се сликаше на „Фејсбук“ со порака дека мисли на пациентите

Од:

Докторот Гоце Христов од струмичката болница кој пред 15 дена преку фотографија се пофали дека тој работи и мисли на пациентите, односно е дека е на нивно располагање, одбил да направи интернистичка анкета на граѓаните кои вчера пристигнаа од Германија и се сместени во струмичкото село Банско каде ќе бидат 15 дена во карантин.

Христов на социјалните мрежи го критикува здравствениот систем, велејќи дека болницата во која работи има само 4 интернисти кои се грижат за 150.000 луѓе. Но, и покрај ваквата критика, тој вчера на директорот на струмичката болница, Наќе Гогов му објаснил дека има приватни обврски, како и дека користи мерка од Владата, па не може да ја заврши задачата. Наместо него, анкетите ги правеле докторката Цветанка Тушева и специјалист интернист Методиј Иванов.

Анкетата била побарана од Министерството за здравство со цел да се утврди дали и кои хронични болести ги имаат луѓето кои допатуваа од Германија. Тоа требало да биде направено од  специјалист доктор интернист, па директорот на болницата Наќе Гогов побарал од Христов да ги направи анкетите, по што тој одбил поради приватни причини. Гогов вели дека среќа е што има исклучоци од колегите кои сериозно ја сфатиле работата и се издигнале на ниво на задачата.

„Колеги кои најгласно зборуваа, се сликаа и кажуваа дека не се работи доволно, дека има пропусти, наоѓаа замерки и се претставуваа како медицински херои по интернет и слично одбија да ја направат интернистичката анкета која им е професионална задача. За среќа има исклучок на колеги кои сериозно ја земаат работата и се издигнаа на ниво на задачата – без да се направи нервоза и паника и сум сигурен дека успешно ќе ја спроведат анкетата“, вели директорот Гогов.

Заради превентивни мерки вечерва, околу 19 часот од Германија се дојдени граѓани на нашата земја кои ќе бидат сместени…

Posted by Nake Gogov on Недела, 29 март 2020

„А1он“ исконтактира со докторот Христов, кој одговори на повикот, но не сакаше да каже зошто одбил да ја направи интернистичката анкета иако јавно се пофали дека е на располагање на граѓаните. Ппрашан дали е партиски активист или приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека е на работа и има обврски, по што го прекина повикот.

Меѓу другото, Христов на социјалните мрежи посочува дека е разочаран од претседателот на државата и Советот за безбедност, поради ненавременото затворање на границите поради коронавирусот, став близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги споделувал и мерките кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги предлагаше како дел од предизборната кампања. Докторот Христов кој одбил да направи интернистичка анкета поради приватни причини, може да се забележи и на фотографии објавени кај Мицкоски на која пишува „Во ВМРО-ДПМНЕ функционира штаб за правење на програма“.

 

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска