Крушевски матичен лекар Вангел Трајчулески и медицинска сестра од Битола се најновите две жртви на коронавирусот меѓу медицинските лица. Докторот Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во Инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.
Медицинска сестра од од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница. Како што информираат од Министерството за здравство 55-годишната жена во тешка здравствена состојба била донесена на болница, а предходно подолг период била на боледување. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола.