Доктор Мојсова со порака до семејството на донорот на срце: Срцето на вашата драга се уште чука и живее

Од:

Сакам да изразам сочувство на семејството и да им кажам дека срцето на нивната драга чука и дека во суштина се уште живее, изјави д-р Маја Мојсова, националниот координатор за трансплантација, откако успешно заврши првата трансплантација на срце во земјава.

Донорот на срце е 43 годишна жена која загина во сообраќајна несреќа. Нејзиното семејство, сопругот и двете деца, по нејзината смрт дале согласност таа да биде донор. Тројца пациенти добија нови органи како последица на овој хуман чин – кај 54 годишен пациент беше извршена првата трансплантација на срце, а кај двајца бубрежно болни пациенти на дијализа се врши трансплантација на бубрезите на Клиниката за урологија.

„Теретот на целата оваа координација падна на неколкумина од нас. Сето ова немаше да биде успешно доколку не постоеше ова семејство, кое навистина со голема емоција ги донираше органите на својата сопруга и мајка. Не дека досега не се вршела трансплантација во нашата земја, но таа секогаш се завршувала со трансплантација на бубрези. За мене ова беше нешто многу емотивно, нешто што долго време го спремаме. Не беше случајно вака изведено, имавме многу состаноци, за да ги синхронизираме листите, протоколите, критериумите, но сепак ребаше да се појави некој кој би донирал. Сега, тројца пациенти добија органи. Горда сум што бев дел од целото ова и сметам дека ова може да ни даде уште поголема волја и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на нивни близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите и дека многу пациенти ќе имаат шанса да продолжат со лекувањето со нов орган и нова надеж“, изјави Мојсова.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи