Доктор Караџовски до граѓаните: Самите ако не си помогнеме нема да не спасат 500 доктори и 20 болници

Од:

Полицискиот час и прогласување на вонредна состојба не се приоритетна мерка, за да не се доведе во прашање работата на компаниите и луѓето да останат без работа, рече д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, претседател на Комисијата за заразни болести кој денеска информираше за актуелната состојба со новозаболени од Ковид-19. Тој порача до граѓаните да се почитуваат мерките, затоа што ако ќе се преполнат болничките капацитети ќе се доведат во прашање ресурсите за лекување на болните.

„Не сме ги исцрпеле уште сите мерки за да можеме да размислуваме за полициски час. Но, доколку ништо од ова не се почитува што ни останува понатака. Затоа ве замолувам и медиуми и население, самите ако не си помогнеме не можат да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри и уште 20 болници. Сето тоа ќе се исполни брзо, ако имаме зголемен број, а ние работиме уште март месец со засилено темпо. Бараме помош од сите, од медиуми, од политички партии од широкото население. Зголемување на бројките ќе не одведе до преполнување на болничките капацитети. Ние можеме да правиме ротации на колегите, меѓутоа тоа се тие луѓе, нивниот број е ограничен. Не по 200, 300 луѓе на ден, можеме да имаме и по 1000 доколку не почитуваме“, порача доктор Караџовски.

Концертите и журките се главната причина за зголемување на бројките во последните три дена, при што на тие настани присутните не носеле маски, а биле во група, без да држат растојание. Караџовски порача дека овие групирања и прослави не смее да се одржуваат во услови на есенскиот бран кога опасноста за ширење на вирусот е поголема.

„На овие настани никој не носеше маска, тоа го видовме и во медиумите. Од анкетите што ги направивме увидовме дека тоа се луѓе помеѓу 20 и 39 години и ова ни укажува дека тие не биле на домашна свеченост, туку во локал на журка каде што имало групирање и не се почитувале мерките. Ние уште пред неколку месеци најавивме дека ќе дојде овој есенски бран на ширење на вирусот. Но, би рекол дека кај нас подрани, затоа што временските услови не се такви да имаме групирање во затворен простор. Но, со доаѓањето на сезонскиот грип, ова шанса за зголемување на бројот поради групирање во затворен простор , бројката ќе биде поголема. Заради сето ова, Комисијата за заразни болести предложи да се усвојат овие сет мерки, да не се доведеме во полоша ситуација“, рече Караџовски.

Како што рече тој, бројките покажуваат дека најмногу заболени има во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска