Доктор Бајрами од Куманово: Времето ќе покаже како се заразив со коронавирус

Од:

Докторот Азиз Бајрами кој е специјалист инфектолог во кумановската болница е еден од новозаразените од коронавирусот. Тој бил во контакт со починатата жена од Куманово, која на која посмртно тестирањата покажаа дека го имала вирусот во себе. Од доктор Бајрами е земен брис по скринингот кој го направил Институтот за јавно здравје. Тој за „А1он“ вели дека непријатно ја доживеал веста дека неговиот тест за коронавирус е позитивен, но вели дека е во добра здравствена состојба, со лесна клиничка слика.

„Непријатно беше чувството кога ми кажаа дека имам коронавирус. Членовите на моето семејство се добри, но се загрижени за мене. Тие не се тестирани. Од денес и во наредните 14 дена трае инкубацијата, односно изолацијата. Во семејството немам ризична категорија на луѓе според листата на СЗО“, вели доктор Бајрами за „А1он“.

Тој посочува дека во изминатиот период имал контакти само со неговите колеги и неговото семејство, бидејќи се движел на релација работа-дома. Запрашан дали знае како заразил од коронавирусот, тој вели „времето ќе покаже“. Бајрами вели дека не секоја маска штити од вирусот.

„Не е време за паника. Имаме работа со непознат вирус, не излегувајте, постарите лица изолирајте ги бидејќи можно е вирусот поопасно да делува кај нив. Коронавирусот не бира години. Ние, докторите, го бараме ова за се да помине со најмали последици. Избегнувајте контакти и бидете дома“, посочува Бајрами.

Специјалистот-инфектолог Бајрами е заразен од коронавирус заедно со уште еден доктор и една медицинска сестра. Сите тројца биле во контакт со починатата пациентка која имала коронавирус. Сега, се чекаат резултатите од други 67 лица кои се вработени во болницата, за да се види, дали и тие преку локална трансмисија заболеле од вирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски