Град Скопје одби финансиски да помогне при санацијата и реновирањето на становите од штетите настанати од силното невреме, проследено со град и обилни врнежи од 25-ти мај 2014-та на територија на општина Центар.
Се работи за 37 објекти каде што комисијата за проценка на штети формирана од општина Центар ја утврди фактичката состојба ја констатираше штетата настаната од поплавите.
Град Скопје се огради и ја упати општина Центар да се обрати до Владата на РМ.
Општина Центар го достави извештајот на комисијата и до министерството за финансии и до Владата на РМ и известува дека е направена штета од невремето и бара уплата на 1.970.000 денари на сметката на општина Центар за да може на граѓаните да им се надомести штетата.
Доколку и Владата не покаже слух за ургентните потреби на граѓаните, тогаш општина Центар ќе им излезе во пресрет на жителите погодени од поплавите на Центар со средства од сопствениот буџет.