Докиќ не пишал дека болниците се полни до максимум, бара МВР да утврди кој си поиграл со неговиот углед

Од:

Слободни кревети за болните од Ковид-19 има, вакцините стигнуваат, а објавата, која предизвика паника кај населението, не е моја, вели за „А1он“ пулмологот Дејан Докиќ, кој како директор на Клиниката за пулмологија раководи со ковид- центарот на интерните клиники во Скопје.

Од синоќа на социјалните мрежи масовно се споделува објава која се претставува дека е на пулмологот Докиќ, во која лекарот наводно алармира дека капацитетите во болниците се исполнети до максимум, нема вакцини, а и да дошле, ќе требало шест недели за да се создаде имунитет и повикува граѓаните да се заштитат сами и да останат дома оти власта не сака да преземе остри мерки и да затвори сѐ.
Пулмологот Докиќ утрово на „Фејсбук“ напиша дека објавата не е негова и дека пријавил во полиција. За „А1он“ ја објасни сегашната состојба со болничките кревети.

„Не треба да се шири паника и граѓаните не треба да се грижат за слободни болнички кревети оти во моментот ги имаме. Како ковид-центар ќе почне да функционира и Заводот за рехабилитација во Козле, обезбеден е довод на кислород до сите кревети и таму се отвораат огромен број легла, а еве и на Педијатрија веќе имаме кревети за овие болни. Сѐ што е напишано во оваа објава е лага. Јас пријавив во полиција, во Единицата за компјутерски криминал, и очекувам сериозно да се занимаваат со тоа и да најдат кој ја направил објавата, да кажат каде е објавено тоа оти на мојата фејсбук-страница не е објавено. Очигледно една ваква објава е тенденциозна, била спремна претходно кога сѐ уште чекавме вакцини. Ме избрале токму мене за да може со мојот углед да го постигнат она што го постигнаа“, изјави пулмологот Докиќ за „А1он“ за време на утринскиот колегиум со министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој уверува дека следува период во кој ќе има повеќе слободни кревети во болниците за болни од коронавирус отколку пациенти на кои им треба болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска