Дојран ќе им понуди попусти и бесплатен паркинг на српските туристи

Од:

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација,велат Ангов и Јаневски.

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран